Wednesday, April 27, 2011

Барселона:)

Фудбалски клуб Барселона е славен шпански клуб од градот Барселона, од покраината Каталонија. Клубот е формиран во 1899-тата година од швајцарискиот претприемач Жуан Гампер и од тогаш стана каталонска спортска институција со мотото Més que un club - во превод - повеќе од клуб. Барселона е големо спортско друштво, но најпознат е фудбалскиот клуб. Прекарот на клубот е Барса (Barça) или Блауграна (Blaugrana - сино-црвени).
Клубот мечовите ги игра на стадионот Камп Ноу, со капацитет од 98.000 гледачи. Барселона е клуб со највеќе членови во светот - 156.366. Поседува сопствена банка и радио станица и еден од најбогатите клубови во светски размери.
Барселона е еден од најуспешните фудбалски клубови во светот. Прваци на шпанската Ла Лига беа 19 пати; за последен пат во 2009. Победници на Кралскиот Куп (Copa del Rey) се 25 пати што е највеќе од сите шпански клубови. Клубот трипати ја освои Лигата на шампионите на УЕФА.

5 comments: